Средба: Градоначалникот Христоски и Амбасадорот на Словачка
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски одржа средба со Амбасадорот на Словачка во Македонија Неговата Екселенција Хенрик Маркус на која се разговараше за идна соработка и директна во пресрет на меѓународните параглајдинг натпревари ова лето во Крушево.
По средбата Градоначалникот Христоски изјави дека општина Крушево ќе продолжи да одржува добра комуникација со амбасадите во Македонија и ќе соработува во интерес на Крушево.
„Продолжуваме да комуницираме со претставниците на амбасадите во Македонија. Конкретно со Неговата Екселенција Хенрик Маркус разговаравме за директна помош од Република Словачка за одржувањето на претстојните параглајдинг натпревари ова лето. Работиме во интерес на Крушево, исклучиво.“, изјави Христоски