Острилци: Хидроцентрала, тампонирање на пат и летно уредување на просторот
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и директорот на ЈП „Комуна“ Наум Илиески денес (10.05.2018) во село Острилци го проследија отпочнувањето со изградба на мала хидроцентрала.
Покрај хидроцентралата во село Острилци, која ќе ја гради фирмата Сателит Електрик од Куманово, ќе се тампонира патот во должина од еден километар, а дел од зелените површини ќе се уреда со разновидни летни содржини.
За градоначалникот Христоски ова е уште еден доказ за посветеноста на локалната самоуправа кон развој на целата општина.
„Денес сме тука со претставници од фирмата Сателит Електрик од Куманово и започнуваме со уште еден проект важен за граѓаните на општина Крушево. Ова покажува дека сме фокусирани на еднаков развој на сите населени места и градот“, изјави градоначалникот Христоски од Острилци.