Одбележување на патрониот празник на ОУ „Никола Карев“
Пред споменикот на Никола Карев на „Гумење, денес (26.04.2018) се одржа скромна манифестација за одбележување на патрониот празник на основното училиште „Никола Карев“, Крушево.
Дел од манифестацијата беа учениците од ОУ „Никола Карев“ во Крушево и подрачното училиште во Борино, а музичките, литературните и ритмичките точки се изведуваа на повеќе јазици – македонски, влашки и албански.
Гости на манифестацијата беа Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, заедно со претставници од локалната администрација, советниците од Советот на Општина Крушево Тома Петроски и Евгенија Петроска, семејството Кареви и други.