Христоски од Кочани: Да работиме во духот на Никола Карев
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, директорот на јавното претпријатие „Комуна“ Наум Илиески и членови на фамилијата Карев денес положија цвеќе на местото викано Свиланово, с. Рајчани, кочанско, каде што на 27-ми април во 1905 година загинал Никола Карев.
Во своето обраќање Градоначалникот Христоски порача дека наша обврска е да го возвишуваме името на Никола Карев и да продолжиме да работиме во неговиот дух.
„На овој ден во 1905-та година борбата за слободна Македонија изгуби еден голем човек, но со таа смрт не престана да вирее духот на херојството и целите за кои Карев се залагаше. Да го одбележуваме овој ден како уште една причина за борбата која ја водиме и ден денеска за поубав живот, подобро образование, поубава Македонија која ќе ги илустрира визиите на големите ликови од нашата историја, како Никола Карев.“, потенцира Христоски во своето обраќање.
На одбележувањето на овој ден присуствуваше и заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.