Се уредуваат уште 2 полетишта за претстојните параглајдинг натпревари
За претстојните меѓународни параглајдинг натпревари ова лето се подготвуваат уште две полетишта покрај постоечкото на Мечкин Камен.
Едно од полетиштето се наоѓа на патот Алданци-Крушево, викан Зајакова глава, кој ќе се користи за параглајдинг школа, но и за натпреварите од категоријата „прецизно слетување“. Второто полетиште кое се уредува се наоѓа во близина на постоечкото на Мечкин Камен, правец југоисток,кон кое се отвараат пристапни патеки.
Градоначалник на Општина Крушево Томе Христоски најавува дека ова лето Крушево ќе биде спремно за натпреварите и дел од таа подготовка е оспособувањето на овие полетишта.
„Не очекуваат 10-тина параглајдинг и натпревари во змејарство ова лето, па затоа активно работиме на одржување на постоечкото полетиште, но и ги уредуваме другите две, кои ќе ги подобрат условите за овој спорт.“, порача Градоначалникот Христоски.
Фотографиите кои се прикажани се од полетиштето кон Алданци, Зајакова глава