200 корпи од Пакомак за подобрување на хигиената во општината
Непрофитната компанија за управување со отпад од пакување Пакомак донира 200 корпи за Општина Крушево со што ќе се унапредува чистотата во општината.
Овие корпи јавното претпријатие „Комуна“ ќе ги постави на повеќе места со што граѓаните ќе имаат повеќе опции за фрлање на отпадот. Со тоа значително ќе се подобри хигиената, а ќе се подигне и свеста за зачувување на животната средина.
Директорот на ЈП „Комуна“ Наум Илиески и Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски изразуваат благодарност кон Пакомак за донацијата и уверуваат дека и локалната самоуправа и „Комуна“ ќе продолжат активно да работат на хигиената во општината.