Отчет 100 дена „Комуна“: Намален долг, реконструкција на улици, нови извори на вода
Во првите 100 дена долгот на јавното претпријатие „Комуна“ се намалил за 2 милиони денари, претпријатието набави материјал за реконструкција на улиците во град Крушево и се набавија корпи за подобрување на хигиената во општината. Ова се само дел од чекорите што се презедоа во првите 100 дена на Наум Илиески како директор на ЈП „Комуна“.
Покрај ова, „Комуна“ во првите 100 дена набави ХТЗ и канцелариска опрема и современо и економично возило за потребите на ова јавно претпријатие. Како донација директорот Илиески обезбеди корпи, клупи и фонтани од Пакомак и Општина Гази Баба, а дел од бекатон плочките со кои се реконструираат улиците во Крушево се обезбедени исто така како донација.
Во однос на наплатата за вода во град Крушево таа е покачена на повеќе од 90 отсто, додека во населените места се движи од 40 до 60 отсто што за директорот е бројка која се очекува во иднина да оди нагоре.
Во однос на водоснабдувањето кратко по стапувањето на позицијата директорот на ЈП „Комуна“ Илиески се зафати со изнаоѓање нови извори на вода и во зависност од временските услови ова лето директорот на „Комуна“ е оптимист дека нема да има недостатоци од вода во туристичката сезона.
Во иднина, „Комуна“ и директорот Наум Илиески активно ќе работат на нови извори на вода, подобрување на хигиената и навремено и ефикасно решавање на сите проблеми.