„Десет дена Крушевска Република“ избрана за проект од национален интерес во културата за 2018
Министерството за култура ја прогласува Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ за проект од национален интерес во културата во 2018 година.
Изборот го вршат надворешни комисии ангажирани од Министерството за култура кои после прегледот на сите поднесени проекти ја одбрале „Десет дена Крушевска Република“ за манифестација од национален интерес за 2018 година.
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски порача дека ова е уште една потврда за поддршката што централната власт ја дава на Крушево.
„Уште еднаш видовме дека централната власт силно стои зад Општина Крушево и она што го работиме. Оваа поддршка мораме максимално да ја искористиме и очекувам во иднина истата да се зголемува“, изјави Градоначалникот Христоски.
Претходно, за одржување на Манифестацијата Министерството оддели 500 000 денари за одржување на овогодишното издание на манифестацијата.