Започнува реконструкцијата на улиците во Крушево

bekaton

Од денес, 10 април, јавното претпријатие „Комуна“ започнува со реконструкција на улиците во град Крушево.

За реконструкција на околу 17 улици „Комуна“ ќе обезбеди приближно 2 500 квадратни метри бекатон плочки, а Министерството за транспорт и врски оддели 2 милиони денари за реконструкцијата на локалните улици во Крушево.