Со општински средства оспособено уште едно возило на противпожарната единица
Општина Крушево оддели средства за поправка на уште едно противпожарно возило и негово ставање во употреба.
Возилото е ставено во употреба и исправно за користење во случај на потреби, а со тоа и се остварува целта на Градоначалникот Христоски и локалната самоуправа за професионализам и унапредување на состојбата со службите на општината.
„Еден од нашите приоритети е да ги оспособиме и сите служби да бидат спремни, способни и опремени во секој момент да ги опслужат граѓаните. Противпожарната единица е една од тие служби кои покрај набавката на ново противпожарно возило се оспособи со уште едно постаро возило за задоволување на потребите на вработени и граѓаните“, истакна Градоначалникот на Општина Крушево.