Скијачките терени се подготвени, овој викенд Крушево очекува голем број туристи

Скијачките терени се спремни за овој викенд, а од ски центарот „Скаут“ информираат дека покрај жичарата ќе работат и двата скиливтови.

Исто така, подготвена е и стазата за норидиско скијање, покрај двете стази на „Станиќ“ и стазата под жичарата.

Локалната самоуправа и ски центарот „Скаут“ овој викенд очекуваат голем број на туристи во Крушево, а, според најавите, и временските услови овој викенд ќе бидат погодни што дополнително ќе придонесе за повеќе посетители.