Христоски во посета на основното училиште, наставата се одвива непречено
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски денес, 27.02.2018г., го посети општинското основно училиште „Никола Карев“ и го проследи текот на наставата.
Градоначалникот Христоски одржа средба со директорката на ООУ „Никола Карев“ Оливера Чавкароска и оствари контакт со дел од наставниците и вработените во оваа образовна институција.
„Наставата се одвива непречено и професионално, а исто така и покрај тешката финансиска состојба во која беше оставена оваа институција училиштето фунцкионира и ги вдомува учениците од Крушево. Студеното време е исто така уште еден предизвик за институциите во Крушево, но во ООУ „Никола Карев“ децата следат настава во пријатни услови и затоплени простории“, порача Градоначалникот по посетата.
Градоначалникот Христоски потенцира дека приоритет на локалната самоуправа е да обезбеди услови за живот и развој тука почнувајќи од најмладите членови на Општина Крушево.