Христоски: Средбата со турската владина организација ќе донесе нови проекти за Крушево
Денес, 17.01.2017, Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и Татјана Хасану од одделението Локален економски развој при Општина Крушево одржаа средба со претставници на турската владина организација Тика во Македонија.
На средбата, на која присуствуваше и директорот на Тика Ајтекин Ајден, се разговараше за соработка меѓу Општина Крушево и оваа организација, како и за реализирање на проекти во повеќе области, а кои ќе го опфатат и турското малцинство во Општина Крушево.
Градоначалникот Христоски порача дека Општина Крушево е мултиетничка општина и локалната самоуправа работи на еднаков развој на сите групи на граѓани.
„Денес сме на средба со владината организација на Република Турција Тика во интерес на граѓаните и соработката со Тика ќе придонесе активна работа на повеќе проекти. Разговаравме и за конкретни проекти кои во иднина би можеле да ги реализираме во соработка со оваа организација“, изјави Христоски.