Одбележување на денот на раѓање на Тоше Проески
Општина Крушево во соработка со спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ на 25-ти јануари 2018 година во спомен куќата „Тодор Проески“ организираат музичка манифестација по повод одбележување на денот на раѓање на Тоше, на која, меѓу другите, ќе настапи Билјана Јосифов, оперски пејач – сопран.
Во 11 и 15 часот ќе се полага цвеќе на гробното место на нашиот Тоше, а со почеток во 11:30 ќе започне настанот за одбележување на денот на раѓање на Тоше Проески со локалниот бенд Кици и Пеце, потоа хорот на СОУ „Наум Наумовски Борче“ и настап на крушевчанката Билјана Јосифов, оперски пејач – сопран, придружувана од клавијатуристот Николовски Сашко.
На одбележувањето на денот на раѓање на Тоше Проески свое обраќање ќе имаат Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и директорката на спомен куќата Елена Мирчевска.
Свој придонес во организацијата за одбележување на денот на раѓање на Тоше има и в.д. директорот на НУ Македонска филхармонија, крушевчанецот Виктор Илиески.