Нови клупи и столчиња за учениците од Борино
Учениците од село Борино, Општина Крушево, добија нови училишни клупи и столчиња како донација од страна на Митхад Муховиќ, поранешен жител на Борино, кој многу години живее во странство.
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, кој денес се сретна со дел од граѓаните на Борино, порача сите иселеници да го следат примерот на Муховиќ и да помогнат за неразвиените средини во Општина Крушево.
„Голема благодарност од мене и од директорката на ООУ „Никола Карев“ Оливера Чавкароска за донацијата. Ги повикувам сите иселенице, кој колку може, да донира и со тоа да придонесе за подобар живот во Општина Крушеви“, потенцира Градоначалникот Христоски.