Новогодишни подароци за Градоначалникот Христоски од учениците од ООУ „Никола Карев“, дел од Нансен моделот за интегрирано образование
Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, во последните денови од првото училишно полугодие ги посети учениците од трите групи кои оваа година ги реализираат активностите од Нансен моделот за интегрирано образование кој вклучува ученици од македонската, албанската и влашката заедница во Крушево и село Борино.
Како подарок Градоначалникот доби дел изработките на учениците од нивната последна новогодишна работилница.
Веќе четврта година по ред во ООУ „Никола Карев“ – Крушево и во ПУ с. Борино се реализираат воннаставни и проектни активности според Нансен моделот за интегрирано образование. Активностите се реализираат паралелно на македонски и влашки јазик во централното училиште и македонски и албански јазик во подрачното училиште во с. Борино. Исто така, повеќе од 10 наставници од ова училиште, Македонци, Власи и Албанци ги имаат завршено основните и напредните обуките за интегрирано образование според овој модел, а во организација на Нансен Дијалог Центар – Скопје.
Нансен моделот за интеркултурно образование (НМИО) е нов модел на образование во Република Македонија кој овозможува успешна интеграција на учениците, родителите и наставниците од различни етнички заедници преку современ воспитно образовен процес.