Овој викенд, два настани кои ќе го најават Божиќ

Litija

Во петок ќе се одржи „Дева – во чест на новото раѓање“, а во сабота Коледарска литија, настани кои го најавуваат Христовото раѓање и големиот христијански празник Божиќ.

Во петок, 5-ти јануари 2018, со почеток во 18 часот на плоштадот Никола Мартиноски по петти пат ќе се одржи „Дева – во чест на новото раѓање“, на кој хорот од СОУ „Наум Наумовски Борче“ ќе интерпретира песни со кои се најавува Христовот раѓање, а граѓаните ќе бидат почестени со овошје и колачи.

Наредното утро, сабота, 6-ти јануари, ќе следува Коледарската литија која започнува од храмот Св. Никола во 10 часот. Дел од овој настан, кој за прв пат се организира годинава, ќе бидат учениците од ООУ „Никола Карев“ кои со песна ќе го прошетаат градот и од граѓаните ќе бидат дарувани со овошје и колачи, како што и традиционално се практикува овој празник во Крушево.