Градоначалникот Христоски и вработените во Општина Крушево Ви ја честитаат Новата година
Драги сограѓани,
Вработените во Општина Крушево и Градоначалникот Томе Христоски Ви ја честитаат Новата година со желби за здравје, среќа, љубов и многу успех.
Во Новата 2018-та година Ви посакуваме се најдобро за Вас, Вашите семејства и фамилии.
Градоначалникот Христоски честитајќи ја Нова година на сограѓаните посака успех и развој за Крушево.
„Во Новата година покрај среќата и здравјето за моите драги сограѓани од Општина Крушево сакам да им посакам успех и развој за Крушево кој сите заедно ќе го постигнеме. Само заеднички наредната Нова година ќе ја дочекаме уште поуспешни од сега“, изјави Градоначалникот на Општина Крушево.