Градоначалникот на предновогодишна прослава во градинката и центарот за децата со посебни потреби
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски денес присуствуваше на предновогодишните прослави на ЈОУГД „Гонча Туфа“ и Дневниот центар за децата со посебни потреби.
Градоначалникот Христоски подели пакетчиња за децата со посебни потреби и доби новогодишна честитка од нив.
„На децата од детската градинка и од Дневниот центар им посакувам се најубаво во Новата година. Здравје, среќа и многу успех за сите“, им честиташе Градоначалникот на децата од градинката и дневниот центар.