Советот избра нов командир на крушевската полициска станица
Никола Божиноски е избран за нов командир на Полициската станица од општа надлежност Крушево на денешната седница на Советот на општина Крушево.
Божиноски во изминатиот период беше помошник командир за сообраќајни работи, а на местото командир доаѓа по разрешувањето на Благојче Димшоски.
На денешната седница беше усвоена годишната програма на Локалниот малдински совет и донесен буџетот за наредната година.
Советниците од советничката група на ВМРО ДПМНЕ на оваа седница останаа воздржани.