Апел до граѓаните да ја плаќаат туристичката такса

Krush18

Општина Крушево апелира до сите издавачи на соби во Крушево непосредно пред новогодишните празници да ја подмират туристичката такса и да се категоризираат. Порачуваме овој апел да важи и за време на празниците кога се очекува Крушево да го посетат многу туристи.

Плаќањето на туристичката такса значи повеќе инвестирање во инфраструктурата, туризмот и се’ она што ќе привлече повеќе туристи и ќе понуди квалитетен престој.

Евиденцијата за бројот на туристи кои го посетиле Крушево годинава покажува дека тој број е многу поголем од платената туристичка такса.

Во периодот што следи за да нема нееднаквости и привилегирања при плаќањето, некои да плаќаат, а некои не, контролите ќе бидат засилени и затоа ги повикуваме граѓаните да ја подмируваат таксата.