Оспособен резервоар кој ќе ги снабдува со вода објектите во „Опаленик“
Со донација на фабриката за производство на масло од канабис „ 5 Летерс“ во функција е ставен резервоар од местото Трстеник во близина на Крушево од каде што дел од објектите во индустриската вода „Сува Река – Опаленик“ ќе се снабдуваат со вода.
Поставено е црево во должина од 200 метри и водата се насочува во езерото околу Трстеник.
Градоначалникот на Општина Крушево изрази благодарност до „5 Летерс“ за оваа донација и порача дека оспособувањето на резервоарот ќе биде од голема корист на објектите во индустриската зона.
„Водата што доаѓа од резервоарот во Трстеник ќе биде од голема корист за сегашните и идните инвеститори во „Опаленик“ и ќе ги скрати нивните трошоци за снабдување со вода. Благодарност до фабриката за производство на масло од канабис за донацијата“, потенцира Градоначалникот Христоски.