Разрешен директорот на Дом на култура „Наум Наумовски Борче“ и поставен нов вршител на должност
Мирјана Проеска е поставена за нов ВД директор на Домот на култура „Наум Наумовски Борче“ по разрешувањето на доскорешниот директор Сашо Дамјаноски.
Проеска долги години работи како библиотекар во крушевската библиотека.
Претходно, по налог на Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски беше спроведена внатрешна ревизија во „Наум Наумовски Борче“, која покажа злоупотреби и незаконско работење, а доскорешниот раководител Сашо Дамјаноски беше разрешен.