Свикана итна седница на Совет за набавка на возило за отпад
Претседателот на Советот на Општина Крушево Тома Петроски свикува итна седница за четврток во 9 и 30 часот со една точка – донесување на одлука за набавка на возило за собирање на отпад.
Советот на Општина Крушево се очекува да ја донесе оваа одлука која ќе овозможи со кофинансирање Општината да набави возило за собирање отпад се со цел подобрување на локалната хигиена и туристичката слика за градот.