Отворена фабриката за производство на печурки
„Пан Груп Крушево“ веќе започна со производство и продажба на печурки, а сопственикот најавува дека во првата фаза ќе се вработат најмалку 15 луѓе.
Еден од менаџерите при обиколката на погонот изјави дека двојно ќе се зголемат капацитетите за производство, а во иднина се планира цела производствена хала, која во моментов е неискористена, да се адаптира за дополнително производство.
За градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски ова ќе придонесе за развој на прватниот сектор и ќе се зголеми побарувачката на работна сила.
„Ова е уште една инвестиција во Крушево која ќе ја зголеми вработеноста, а производството на печурка може да прерасне во уште еден бренд од Крушево“, потенцира Градоначалникот Христоски.
„Пан Груп“ е грчка инвестиција која по неколку години пауза повторно се реактивира на пазарот, а денес беше и осветена.