Општина Крушево доби нов изведувач за уличното осветлување

ulicno

„ДК Електрик“ е новиот изведувач на обврските за уличното осветлување кој започнува со работа по завршената тендерска постапка.

Уличното осветлување ќе ја чини Општина Крушево само 260 000 денари, што е за шест пати поевтино во споредба со последниот изведувач „Економик Лукс“, на кој Општина крушево се обврзала да исплати милион и шесто илјади денари.

Градоначалникот на Општина Крушево потенцира дека Општината не смее да се расфрла со народните пари и секогаш да се труди да добива квалитетни услуги.

„Оваа тендерска постапка треба да е пракса на сегашната и секоја идна локална самоуправа – да добиваме квалитетни услуги за што е можно помала цена. Парите на граѓаните треба внимателно да се трошат и истовремено да се води сметка за квалитено извршување на задачите“, порачува Градоначалникот Христоски.

Цената која Општина Крушево ја понуди за обврските околу уличното осветлување беше милион и двесте илјади денари и преку јавно наддавање сумата се спушти до 260 илјади денари.