Во 2018/2019 година – изградба на патишта, водоводи, канализации, училишта

krusevo

По одобрување на проектите на Општина Крушево во наредните 2018-та и 2019-та година очекуваме градот и населените места да доживеат градежна експанзија во областа на патната инфраструктура, водоводи, канализации, подобрување на условите во образованието, спортот и спортските активности.

Поголемиот дел од проектите на кои работиме се завршени, а дел се се’ уште во изработка, но Градоначалникот Христоски потврдува дека во наредните две години ќе се направи многу за граѓаните на Општина Крушево.

„Работиме напорно секој ден и најголемо внимание посветуваме на проектите од областа на патиштата, изградба на водоводи, канализации, од областа на здравата животна средина, образованието и спортот. Очекуваме во наредните 2 години Општина Крушево да доживее градежна експанзија во која ќе бидат вклучени сите населени места и градот“, потенцира Градоначалникот Христоски.

Христоски потенцира дека приоритни проекти се оние за вистинските потреби на граѓаните на Општина Крушево.