Општина Крушево доби плакета за особен придонес во параглајдингот
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски прими плакета доделена од клубот за екстремни спортови „Скајрајдерс“. Плакетите беа доделени на спонзори и поддржувачи на клубот на екстремни спортови, а Општина Крушево доби признание за особен придонес во развојот на параглајдерството.
Во саботата, 9-ти декември 2017г., „Скајрајдерс“ прослави 25 години од своето постоење, а Градоначалникот на Општина Крушево најави дека поддршката за овој спорт во иднина ќе биде многу поголема.
„Крушево е домаќин на многу европски и светски првенства во параглајдинг и од тие причини локалната самоуправа активно работи на подобрување на условите за практикување на овој екстремен спорт“, изјави Градоначалникот Христски.
Фото и видео: Инфокомпас