Џез музика во Крушево – „Есенски џез караван“
Во петок, 8-ми декември, во спомен куќата „Тодор Проески“ се одржува Есенски џез караван со почеток во 16 часот на кој ќе настапат Белучи Квартет, Иван Иванов Квинтет и Кабадајас.
Овој настан е во организација на Здружението на џез музичари и е дел од проектот „Топол културен бран“ поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Како дел од овој Караван се одржаа три концерти ширум земјава и тоа во Делчево, Богданци и Пробиштип.