Христоски: Лицата со посебни потреби се дел од нас, заслужуваат еднакви шанси
Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски заедно со В.Д. директорката на Центарот за социјални рбаоти во Крушево Цули Кузманоска беа дел од прославата на меѓународниот ден на лицата со посебни потреби 3-ти декември организиран од Дневниот центар за децата со посебни потреби.
Прославата се одржа на 4-ти декември, понеделник, во една од локалните пицерии во Крушево, а Градоначалникот Христоски на децата од Дневниот центар им подели колачи во знак на внимание и гест кон овие деца.
„Децата со посебни потреби се дел од нашето општество и нашата мала средина во Крушево. Тие заслужуваат и мора да имаат идентична социјализација и вклученост како и останатите припадници на нашата Општина. Ова е само еден мал гест и едно мало внимание кон децата со посебни потреби“, потенцира Христоски.
Заедно со В.Д. директорката на Центарот за социјални работи изразија задоволство што беа дел од овој настан на Центарот за згрижување на децата со посебни потреби од Крушево.