Општина Крушево ќе плати 2 000 евра за личните пресметки на екс-градоначалникот

Pleteni-masi-i-stolici

Општина Крушево треба да исплати оштета од 108 илјади денари на „Ата Г & Б“ заради штетата која и била нанесена на ова претпријатие при поставување на маси и стоилици на отворено, на место доделено на кафулето.

На „Ата Г & Б“, од страна на доскорешната локална самоуправа, и бил скратен просторот за поставување на маси и столици.

По оваа одлука одлучи Управниот суд на Република Македонија, а во сумата од 108 илјади денари не се вклучени неизбежните трошоци направени додека се водел спорот.

За Градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, ова е резултат на личните пресметки и тврдоглавоста на поранешниот градоначалник Ѓорѓи Дамчески.

„Овие 108 илјади се резултат на личните пресметки на Дамчески со екс-градоначалничката на Крушево Лефкија Гажоска и заради тоа граѓаните ќе треба на „Ата Г & Б“ да исплатат повеќе од 2 000 евра, вклучувајќи судски трошоци“, изјави Христоски.

Претходно, додека Ѓорѓи Дамчески се’ уште раководеше со локалната самоуправа од негова страна и од овој портал беа изнесени клевети кон сопругот на Лефкија Гажоска, Миха Гажоски, за кои потоа екс-градоначалникот иавно се извинуваше.