„Комуна“ работи на поплавениот пат меѓу Норово и Алданци
По пријава и реакции на граѓани од населените места Норово и Алданци јавното претпријатие „Комуна“ излезе на терен и работи на поплавениот пат меѓу овие две села.
Од „Комуна“ во најбрз можен рок ќе се обидат да најдат решение за овој проблем и да ги заштитат граѓаните од понатамошно поплавување на овој дел.
Оваа природна појава зборува многу за лошата патна инфраструктура во овој регион. Градоначалникот најавува што побрзо пристапување кон овој проблем и кон целосно решавање на егзистенцијалните проблеми за граѓаните..