Подмирен долгот за бината од Илинденските празници

gumenje-640x294

Долгот кон фирмата „Еквипмент“ за изнајмување на бината за Илинденските празници е исплатен во целост и истиот изнесува 35 000 денари.

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски на својот Фејсбук профил ја критикуваше претходната локална гарнитура за неподмирување на овој долг.

До таму отишле што изнајмената бина за 1-ви август што беше поставена во Крушево во износ од 35.000 денари не ја платиле. За се имало пари само за чествување на државни празници и за народ немало.“, напиша Градоначалникот на својот Фејсбук профил.

Христоски потенцира дека Општина Крушево во иднина ќе се труди навремено и целосно да ги исплаќа долговите за вршењето на услуги.

„Ако сакаме добра соработка со претприемачите треба да ги исполнуваме своите обврски секогаш. без исклучок. Недомаќинлакот не е наша карактеристика.“, додава Градоначалникот Христоски.