Христоски во Врбоец, средба со граѓаните за тековните проблеми

Vrboec

Градоначалнкиот на Општина Крушево го посети и село Врбоец  каде што со граѓаните разговараше за тековните проблеми со кои се соочува ова населено место.

Како што и претходно најави градоначалникот Христоски, локалната самоуправа ќе се зафати со приоритетните проблеми на граѓаните од Општината.

„Секаде каде што одиме проблеми има многу, но веќе сме во постапка за изнаоѓање ресурси за решавање на проблемите што ги наследивме“, изјави Христоски.