Две нови патнички линии Крушево-Скопје-Крушево
Од 1-ви декември 2017 година започнуваат со работа две превозни јавни линии Крушево – Скопје.
Превозната компанија „Метро транс“ ќе сообраќа во двата правци, од Крушево со поаѓање во 7 и 16:30 часот, а од Скопје во 12 и 19:10 часот секој ден со исклучок на сабота.
Граѓаните на Општина Крушево често пати бараа од градоначалникот Томе Христоски да се спроведе уште една линија за Скопје која би ја намалила цената и би го подобрила квалитетот на јавниот превоз.
„Граѓаните често ни’ предочуваа за недостатокот и потребата од уште една линија кон главниот град на Македонија и тоа го потенциравме при средбата со Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Очекуваме професионална и евтина услуга за граѓаните на Општина Крушево“, вели Христоски.
Покрај новите две линии на „Метро транс“ кон Скопје сообраќа уште „Пелагонија транс“.