Работиме на подобро улично осветлување, во тек е тендерска постапка

Почитувани,

До Општина Крушево и Градоначалникот Томе Христоски деновиве пристигнаа повеќе известувања и поплаки околу осветлувањето во Општина Крушево.

Ве известуваме дека во тек е тендерска постапка за уличното осветлување во Општина Крушево и веднаш штом постапката е завршена сите санации ќе бидат направени од новиот изведувач и граѓаните на Општина Крушево ќе добијат соодветно улично осветлување.

Договорот за услуги со досегашниот изведувач заврши на 31-ви октомври 2017 година и тоа е причината што има одредени слабости во уличното осветлување.

Ве повикуваме на трпеливост и Ви се извинуваме за неприликите со кои се соочувате.

Со почит,

Општина Крушево,
Градоначалник
Томе Христоски