Дочекот на Нова година се откажува, парите ќе се искористат за патна инфраструктура
Локалната самоуправа дочекот на Новата 2018 година ќе им го препушти на локалните кафулиња, дискотеки, пицерии, ресторани и хотели.
Заради тешката финансиска состојба во која се наоѓа општинската каса одлучивме овие пари да ги искористиме за поприоритетни работи, како што е подобрувањето на патната инфраструктура во Крушево и во населените места.
На 31-ви декември 2017 година Општина Крушево ќе организира скромен коктел, додека вечерните забави и настани ги препушта на локалните претприемачи од угостителскиот сектор.
Со овој чекор сакаме и да потенцираме дека организацијата на настан како што е дочекот на Нова година треба да ги опфаќа и населените места, а не само жителите на град Крушево.