Одбележана 112 годишнината од загинувањето на Никола Карев, Претседателот на Крушевската Република
Во месноста Свиланово, во билизина на селото Рајчани беше одбележана 112-годишнината од загинувањето на Никола Карев, Претседателот на Крушевската Република.
Делегации составени од Градоначалниците на пет општини како и од основните училиштата од Крушево и Кочани кои го носат името на учителот Никола Карев, претставници од семејството Кареви од Крушево и претставници од НУ „Историски музеј“ – Крушево, оддадоа заслужена почит на големиот илинденец.