ИЗВЕСТУВАЊЕ за продолжување на рокот за поднесување барања за користење на простор на јавна површина
Се известуваат сите правни и физички лица кои се заинтересирани за закупување на простор пред деловни простории на јавни површини дека рокот за поднесување на барањата е продолжен до 02.05.2017год.
Заинтересираните лица е потребно да достават барање до Општина Крушево и во прилог да ги достават потребните документи:
- Извод од регистарот на дејности;
- Налог за платени административни такси;
- Употребна дозвола;
- Прецизен опис на комерцијалните услуги кои ќе ги дава на јавната пешачка површина;
- Согласност за исполнување на минимално техничките услови за вршење на дејноста;
- Скица од просторот кој се бара да биде одобрен.