Одржано Државно ридско првенство во велосипедизам 2017г.
Под покровителство на Општина Крушево, а во организација на Велосипедскиот клуб „Илинден 2007“ и Велосипедската федерација на Македонија, се одржа Државното Ридско првенство во велосипедизам 2017г.
Трката започна од Кривогаштани, а заврши кај манастирот „Св. Преображение“ – Крушево.
Подоцна, со свечена церемонија, на Градскиот плоштад во Крушево беа прогласени најдобрите натпреварувачи.