Завршен настан на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Бучин

Со сечење на лента, се прослави успешната реализација на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран од  ООУ „Св.Кирил и Методиј“ с. Бучин.

Имено, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Бучин е едно од 13-те училишта во Македонија кое доби грант од УСАИД во висина од  20.000 ЕУР.  Со овие средства се заменија прозорците и вратите во матичното училиште во с.Бучин и се постави и нов училишен под во подрачното училиште во с.Свето Митрани.

Освен големиот грант, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Бучин доби и дополнителни два помали грантови од УСАИД кои беа искористени за набавка на нови спортски реквизити наменети за матичното училиште во с.Бучин како и за подрачните училишта во с.Свето Митрани и с.Пресил.  Се  постави опрема за играње кошарка во училишните дворови во с.Свето Митрани и с.Пресил, а  дополнително училишниот двор во  подрачното училиште во с.Пресил се поплочи со бекатон плочки.

Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието се имплементираше од страна на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во с.Бучин, со поддршка на Општина Крушево, Министерството за образование и наука како и невладината организација МЦГО.