Младите од Крушево со хуманитарна театарска претстава

Локалниот младински совет на Општина Крушево организира хуманитарна театарска претстава која ќе се одржи на 20.12.2016 (вторник) во Театар Крушево.

„Ве очекуваме сите, со грижлива самосвест, распон на емоции, малку задимени светла и совршено дозиран хумор како жив штит на еден наш сограѓанин.“ – истакнуваат од Локалниот младински совет.

Драматизацијата и режијата се на Никола Јованоски, а актерите – млади ентузијасти од Крушево кои  несебично се вложија во проектот.

 

%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b0