СООПШТЕНИЕ

за организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета за предлог Детален урбанистички план за градска четврт 2, 3, 4, 5, 7, 8 и 10, општина Крушево

Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 50 став (1) точка 4 и 5 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02 и 84/20), член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) како и донесената Годишна програма за изработка на урбанистички планови за 2020 година со бр. 44-10631/1 од 24.11.2020 година и за 2021 година со бр. 40-418/1 од 06.01.2021 година, донесени од Владата на Република Северна Македонија и Програмата за  урбанистичко планирање на Општина Крушево за 2020 година со бр. 08-1396/16 од 30.12.2019 година, Програмата за финансирње на изработка на урбанистички планови за 2021 година со бр. 08-1322/11 од 29.12.2020 година, за 2022 година со бр. 08-1328/11 од 28.12.2021 година, за 2023 година со бр. 08-1407/10 од 27.12.2022 година, за 2024 година со бр. 08-64/8 од 18.01.2024 година, за 2025 година со бр. 08-1077/12 од 29.11.2024 година и за 2026 година со бр. 08-1219/13 од 03.12.2025 година, донесени од Советот на општина Крушево, Градоначалникот на општина Крушево објавува:

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета за предлог Детален урбанистички план за градска четврт 2, 3, 4, 5, 7, 8 и 10, општина Крушево

СЕ ОРГАНИЗИРА повторна јавна презентација и јавна анкета за предлог Детален урбанистички план за градска четврт 2, 3, 4, 5, 7, 8 и 10, општина Крушево.

Повторната јавна анкета се организира со излагање на планот во Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, а ќе трае 5 работни денови, почнувајќи од 02.02.2026 година до 06.02.2026 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам, а ќе биде објавена и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.

Јавната презентација како стручно презентирање на планската документација се организира во рамките на јавната анкета и трае еден работен ден, а ќе се одржи на ден 03.02.2026 година, во 12:00 часот, во Домот на култура „Наум Наумовски Борче“ – Крушево.  

Описот на границата на урбаниот опфат по катастарски парцели започнува од регионалниот пат Р1306 Прилеп – Крушево и се движи во насока на стрелките на часовникот. Границата на опфатот го сече патот Прилеп – Крушево Р1306, односно влезот во Крушево а потоа поминува низ парцелата 5654 кон југ, ја сече парцелата 5631 како и парцелите 5643, 5674, 5655, 5656 и 5659 се до југозападната граница на парцелата 5660 и продолжува по текот на патот Демир Хисар – Крушево Р1306 се до место викано Порта. Границата продолжува по јужната страна на улицата Коча Миленку се до Хотелот Илинден каде ја сече парцелата 6228 и продолжува по јужната страна на парцелата 6328, 6495 и 6946 се до Хотелот Монтана. Ја тангира јужната линија на парцелата 6504 и продолжува северозападно кај што ги сече парцелите 6228 и 6227, а потоа поминува по западната страна на парцелите 6226, 6224, 6207, 6205 и 6202 и ги сече парцелите 6204, 6206, 6183 и 6159 се до југозападната страна на парцелата 6158 каде што продолжува по истата како и парцелите 6158, 6125, 6124 и 6123 со до југоисточната страна на парцелата 6120 каде пто прдолжува по парцелата 6122. Границата продолжува кон северозапад и ги сече парцелите 6475, 6476, 6477, 6466, 6463, 6450, 6444 до парцелата 6430 каде што продолжува кон север по парцелите 6430, 6428 и 6427/2 каде што границата крши кон исток по северната страна на парцелата 6427/2 како и по парцелите 6427/3 и 6414/1. Границата на опфатот ја сече улицата Благој Целев поминува низ парцелата 4623 покрај западната страна на парцелата 6399, југозападно низ парцелата 4623 и 4599 каде што продолжува на север низ парцелите 4582, 4580, 4581, 4576, 4575, 4555, 4552, 4526, 4527,4524, 4623, 4461, 4454, 4457, 4454, 4456 преку место викано Рамниште и парцелите 4489, 4484, 4478, 4408, 4380, 4475, 4347, 4475, 4478 и 4309 до северната граница на парцелата 4309 каде што продолжува кон југозапад низ парцелата 4309, 4306 до парцелата 4308 каде што свртува кон север низ парцелата 2181 се до парцелата 1899 каде свртува кон североисток низа истата. Границата ја сече парцелата 1899, 1894 и 1900 се до парцелата 4276 каде продолжува кон север кон местот викано Гумење низ парцелата 4011 покрај јужната страна на парцелата 1904 ја сече парцелата 2946 и 2179 каде што завртува кон исток кон парцелите 1, 5, 6 ,7 покрај јужната страна на парцелата 10 кадешто свртува по источната страна до крајот на парцелата 10. Границата на опфатот продолжува кон југоисток по североисточните граници на парцелите 11, 28, 27, 29 и 31, продолжува по текот на улица Маршал Тито покрај парцелите 2072, 4033, 4038, 4041, 4044/1, 4046 и 4073 каде што свртува кон исток покрај парцелите 4083, 4079, 4076 и ја сече парцелата 4077 каде што границата свртува кон југ и ги сече парцелите 4078, 4070, 2033/1, 2045, 4060 покрај парцелите 4061 и 4067 низ парцелата 4068. 4239 до парцелата 4237 каде што границата свртува кон југозапад низ парцелите 4251, 4252 и 4237 продолжува кон југ низ парцелите 4259, 4739, 4637, 4252 по јужната страна на парцелата 4651 потоа по текот на улицата Нико Доага покрај парцелите 4660, 5645, 5646 кај местото викано Трите Патишта кон југ низ парцелите 5646, 5643, 5649/2, 5649/1, 1739, 5550/2, 5650, 5653 и 5580 до регионалниот пат Прилеп – Крушево Р1306 од каде што почнува описот на границата на урбаниот опфат.

Планскиот опфат има површина од 86,86 ha.

Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози по предлогот на планот. Анкетните листови можат да се подигнат во соба број 23 секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

Општина Крушево

Градоначалник Нико Чонески

Соопштение

Анкетен лист

Скица