Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета
Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 50 став (1) точка 4 и 5 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02 и 84/20) и („Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), член 50 и член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24 и 40/25) како и донесената Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2024 година бр. 08-64/8 од 18.01.2024 година и Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година на општина Крушево, бр. 08-1077/12 од 29.11.2024, донесени од Советот на општина Крушево, Градоначалникот на општина Крушево објавува:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за ПредлогУрбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3-спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево
Се организира јавна презентација и јавна анкета за предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3-спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево.
Проектниот опфат се наоѓа на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, Општина Крушево и опфаќа делови од катастарските парцели КП 2514/1, КП 2880/1 и КП 2970/1 КО Крушево вон град. Согласно границите, вкупната површина на проектниот опфат изнесува: 2.33 ха.
Јавната анкета се организира со излагање на планот во Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, а ќе трае 15 денови, почнувајќи од 06.05.2025 година до 21.05.2025 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам, а ќе биде објавена и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.
Јавната презентација како стручно презентирање на планската документација се организира во рамките на јавната анкета и трае еден работен ден, а ќе се одржи на ден 16.05.2025 година, во 11:00 часот, во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23.
Предлог Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3-спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево, во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево. Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози по предлогот на планот. Анкетните листови можат да се подигнат во соба број 23 секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Општина Крушево
Градоначалник, м-р Томе Христоски
Потребните документи може да ги погледнете на следните линкови:
Соопштени за организирање на јавна анкета и јавна презентација
Идеен проект за полетувалиште за параглајдери на м.в. Црн врв Ко Крушево вон град, општина Крушево