СООПШТЕНИЕ за организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за градска четврт 2, 3, 4, 5, 7, 8 и 10, општина Крушево
Градоначалникот на општина Крушево организира повторна јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за градска четврт 2, 3, 4, 5, 7, 8 и 10, општина Крушево.
Повторната Јавна анкета се организира во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, а ќе трае 10 работни денoви, почнувајќи од 08.10.2024 година до 22.10.2024 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам.
Јавната презентација како стручно презентирање на планската документација се организира во рамките на јавната анкета и трае еден работен ден, а ќе се одржи на ден 09.10.2024 година, (среда) во 12:00 часот, во просториите на Горна училишна зграда (старо школо Никола Карев).
Деталниот урбанистички план ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23.
Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица, во предвидениот рок на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки или предлози по предлогот на планот. Анкетните листови можат да се подигнат во општина Крушево, соба број 23 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Градоначалник,
м-р Томе Христоски
Соопштение за организирање на повторна ЈА и ЈП – ДУП контактна
Известување до физички и правни лица за повторна ЈА и ЈП – ДУП контактна