СООПШТЕНИЕ за организирање на јавен увид за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за  формирање на градежна парцела за комплекс на градби со намена А4.3 – викенд куќи и други објекти за времено сместување, на КП 2134 КО Крушево вон град, Општина Крушево

  • Се известуваат сите заинтересирани граѓани, правни лица, државната управа и научните и стручни организации, дека Општина Крушево води постапка за одобрување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела за комплекс на градби со намена А4.3 – викенд куќи и други објекти за времено сместување, на КП 2134 КО Крушево вон град, Општина Крушево.
  • Локацијата на проектниот опфат се наоѓа северно од градот Крушево, на приближна оддалеченост од 1,6км од центарот на градот. Проектниот опфат е дефиниран по границите на катастарската парцела КП 2134, КО Крушево вон град. Проектниот опфат на север граничи со КП 2133, КО Крушево вон град, на исток со постојна сообраќајна инфраструктура на КП 2940, КО Крушево вон град, која е со катастарска култура – патишта, на југ граничи со КП 2135, КП 2136 и КП 2141, КО Крушево вон град и на запад со КП 2142 и КП 2143, КО Крушево вон град.
  • Површината на проектниот опфат изнесува 6508,63м2 (0,65ха).
  • Границата на планскиот опфат е дефинирана со следните координати на прекршни точки:
  • Јавниот увид се организира во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:30 до 15:30 часот, а ќе трае 15 дена, почнувајќи од 04.06.2024 година до 19.06.2024 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е–урбанизам, а ќе биде објавена и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.
  • Урбанистичкиот проект во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево.
  • Заинтересираните физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози електронски преку информацискиот систем е-урбанизам или во печатена форма преку архивата на Општина Крушево. Анкетните листови можат да се подигнат во соба број 23, секој работен ден од 08:30 до 15:30 часот.

Градоначалник, м-р Томе Христоски

Соопштение за организирање на јавен увид.pdf

Известување за организирање на јавен увид.pdf

Анкетен лист.pdf

Скица.jpg