Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета – УП за изградба на фотоволтаична електрана на КП бр. 2461 и КП бр. 2462 КО Крушево – вгр.

Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 50 став (1) точка 4 и точка 5 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02), член 50 и член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20 и бр.111/23) како и донесената Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2023 година бр.08-1407/10 од 27.12.2022 година, донесена од Советот на општина Крушево, Градоначалникот на општина Крушево објавува:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на јавна презентација и јавна анкета за урбанистички проектИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНА НА КП 2461 И КП 2462, КО КРУШЕВО – ВГР., ОПШТИНА КРУШЕВО (НАМЕНА Е1.13 – ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА КОИ СЕ ГРАДАТ НА ЗЕМЈИШТЕ))

  • Урбанистички проект – ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНА НА КП 2461 И КП 2462, КО КРУШЕВО – ВГР., ОПШТИНА КРУШЕВО (НАМЕНА Е1.13 – ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА КОИ СЕ ГРАДАТ НА ЗЕМЈИШТЕ)).
  • Локацијата на планско-проектната документација се наоѓа на КП бр. 2146 и КП 2147 КО Крушево– вгр., Општина Крушево.
  • Површината на планско-проектниот опфат изнесува 21755м2 (2,18ха).
  • Јавната анкета се организира во просториите на Одделение за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 14:30 часот, а ќе трае 15 дена, почнувајќи од 19.09.2023 година до 04.10.2023 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам, а ќе биде објавена и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.
  • Јавната презентација како стручно презентирање на планско-проектната документација се организира во рамките на јавната анкета и трае еден работен ден, а ќе се одржи на ден 25.09.2023 година, во 11:00 часот, во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23.
  • Урбанистичкиот проект во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево.
  • Заинтересираните физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози. Анкетните листови можат да се подигнат во соба број 23 секој работен ден од 08:00 до 14:30 часот.

 Општина Крушево  

Градоначалник,

м-р Томе Христоски    

Соопштени за организирање на ЈА и ЈП за УП – член 58 став (6) КП бр. 2461, КП бр. 2462

Синтезен план – УП член 58 став (6) КП 2461 2462

Анкетен лист