Јавен повик
до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа
личен асистент на дете со попречености
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Договорот за соработка за Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Крушево, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 14.08.2023 година се објавува Јавен повик за ангажирање на лични асистенти за деца со попречености.
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Поддршка на заедницата” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци, статусот на невработените лица останува непроменет. На невработените лица – корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош, за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно претходно оствареното право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);
- млади лица до 29 години;
- лица постари од 50 години;
- невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Корона вирусот COVID-19;
- лица корисници на гарантирана минимална помош;
- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;
- лица со незавршено средно или пониско образование;
- самохрани родители;
- родители на деца со пречки во развојот;
- родители на 3 и повеќе деца и
- жртви на семејно насилство.
Кандидатите треба да се активни баратели на работа.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
Работно место 1: Личен асистент на дете, со следниве работни задачи:
- Четиричасовно дневно ангажирање;
- Овозможување на социјална интеракција и психолошка поддршка на детето;
- Пружење помош и поддршка на детето и негова придружба со цел надминување на физичките пречки за време на одморите како и безбедно да стигне од дома до училиште и обратно;
- Пружање помош и поддршка на детето во движење при прошетки, манифестации и културно-спортски настани организирани од училиштето;
- Пружање помош и поддршка при грижа за себе во одржување на хигиенски навики, хранење, облекување и извршување на физиолошки потреби;
- Помош и подршка на родителите/ старателите/ згрижувачите преку соработка со истите;
- Соработка со заедницата;
- Соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот;
- Подготвува Дневник за евидентирање на дневни обврски и
- Подготвува месечен извештај за спроведените активности.
Позиции за работно место 1: 2 позиции
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:
- Емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност, одговорност, принципиелност,
- Евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување – Крушево,
- Лицето да припаѓа на една од целните групи,
- Стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица,
- Со завршено ССС (било кое три или четири годишно средно образование), основно образование, медицинска сестра, физиотерапевт.
Опционално: Стекнат сертификат за неговател на лица/деца со попречености и/или возачка дозвола Б категорија.
Заинтресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево во периодот од 14.08.2023 година до 21.08.2023 година, од 08:00 до15:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Крушево и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Крушево кај лицето Елена Илиеска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ и лицето Еленица Љума, Агенција за вработување-Центар за вработување Крушево кај лицето Наташа Ѓорѓиоска Анчов, Центар за социјлна работа Крушево кај лицето Марија Илиевска.
Општина Крушево Градоначалник, м-р Томе Христоски
Јавниот повик може да го погледнете на линкот подолу.
Јавен Повик ОКР ОП 2023-личен асистент за дете со попречености.pdf