Пливачки маратон ,,Тоше Проески”

Успешно завршена трка на Четвртиот Пливачки Маратон во Далечинско Пливање “Тоше Проески” кој се одржа во Крушево на Крушевското езеро. Маратонот е втора трка од Македонскиот куп во далечинско пливање 2023год.

Честитки до сите учесници!

На крајот од маратонот на сите учесници им беа доделени маици, стокови награди и пофалници, а на најдобрите им беа доделени дипломи, медали и пехари.

Ви благодариме на сите кои присуствувавте на денешниот маратон, се гледаме следната година уште побројни!