Сценска инфраструктура
Сценската инфраструктура е битен сегмент за Крушево како важен културен, историски и туристички центар и секако, како град на културата за 2023 година.
За таа цел, согласно Програмата на Владата на РСМ за капитални формации во ЕЛС, од страна на Министерството за култура се обезбедија средства за набавка на монтажна бина со целосна вредност од 1.616.562,000 денари, вклучувајќи го и учеството од Општина Крушево.
Во 2023 година Крушево го очекуваат многу настани, Светско првенство во змајарство, Десет дена Крушевска Република, фестивали на отворено, одбележување на денот на загинување на Тоше Проески и организација на ултра маратон, мото тури, изложби на народни носии, ботанички тури, дегустација на храна и многу други настани кои имаат потреба од соодветна и професионална бина за одржување на настаните и за придонес кон квалитетот на самите настани. Со сопствена опрема општината нема да троши средства за изнајмување на бина и средствата ќе се пренасочат кон подобра организација на настаните.
Упатувам голема благодарност од Владата на РСМ, Министерство за култура / Ministria e Kulturës , Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за финансиската поддршка и соработката во изминатиот период. Благодарение на нивната ангажираност и посветеност во работата, остваруваме битни проекти.